РЕВО EXCLUSIV!
Серија написи на тема
:

БОГОМИЛИТЕ - "ЕРЕТИЦИ" ИЛИ ВИСТИНСКИ ХРИСТИЈАНИ?

Внатрешна револуција

Исус од Назарет беше најголемиот револуционер на сите времиња. Според неговиот живот ние можеме да се ориентираме. Тој ни покажува што можеме да направиме подобро во однесувањето со нашите ближни, така што, заедно со многумина кои својот живот го менуваат кон подобро, да може да се промени и општеството. Тоа е револуција во смисла на Беседата на Гората.

Поради тоа и весникот го носи името ”ДУХОВНИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ХРИСТОС”. Овој нов, независен весник за млади сака да го распламти револуционерниот христијански дух. Тој покажува, поттикнува на размислување, многустран е, шарен и бунтовен.


Имате ли Вие идеи? Предлози теми? Фотографии? Цртежи? Сопствени искуства? Некое мислење? Едноставно прати e-mail до редакцијата. Ние се радуваме на твојата пошта!

 

"Ке се зачуди ли некој кога ке чуе како кај нас у Х век живеале и држале пламени проповеди таквија лугје, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители од XVII век?"

"Арно ама, ако далечното минало ги скри во темно тиа наши славни лугје, ако огинот и ножот, па пакозот и бесот на православните калуѓери и славјанските феодали ргна да го сотре споменот за ним - останала пак, во историата на човечката борба, светлата истина за богомилите. Чунки пак се навогја по некоа трага нимна! Останале клеветите и лагите на црковните отци, кои со това го бранеле мракот и власта на своите господари. Останале анатемите, повелите и законите, и индексите на забранетите богомилски книги. Останала па и понекоа от тиа книги, зафрлена негде по манастирите, па и по некоа хроника от старите летописци. И останале, уште се живи некои спомени во самата Македонија. За што ни споменуе планината и реката Бабуна, за кого ни говори со векови селото Богомила? И откаде ни се онија наши чудесни стари сказни, што скажуат за борбата на доброто и злото, и за онаја врасната вера, оној силен надеж, што не крепеше и крепи - до победата крајна? Живи се, живи, нашите богомилски легенди и басни, нашиот вечен културен имот, татковина од нашите богомили!"

"Кои биле тие наши храбри предедовци, што во глувата доба на европскиот среден век ја запалиле таа "светлина", и што барале тие?"


Епа, ѕирни во овие интересни написи од нашата архива:

Ѕвезди и идоли
...богови на нашето време?

бр.3

Њутон е мртов, Ајнштајн е мртов, а и мене веќе ми е мака...!

Дали тие се викаат Ајнштајн, Леонардо ди Каприо, Џулија Робертс или Бред Пит, Бекстрит Бојс или Леди Ди, дали Елтон Џон, Хемфри Богард или Мохамед Али - секое време има свои ѕвезди и секоја генерација свои идоли. Имињата на оние кои се обожаваат можат да се менуваат, меѓутоа бројот на оние кои со копнеж висат на ТВ екранот, или го делат воздухот за дишење во концертните сали и стадиони, секогаш е ист - откако стана како природна навиката на видот -човек да му се восхитува било кому.
[more...]

ВИЗИИ 2000

бр.2

Јупииии! Уште една година, а потоа: со брза пошта во новиот милениум!

Скокот во Ерата на водолија ние ќе го доживееме во живо и благодарение на New Age и на илустрираниот весник ние знаеме што значи тоа: промена! Претстои глобален квантен скок, климатски колапс, проширување на свеста на човештвото, или наше уништување – веќе според поединецот – но едно не е јасно: ништо нема да остане така како што било!

За да се утврди ова, не е потребен ни грегоријански, ниту астролошки календар, ниту пак посебна видовита дарба. Веќе нашиот здрав човечки разум ни кажува: дрвјата растат, зеленчукот гние, киријата станува поскапа, тековната сметка попразна, а и снегот некаде се топи. А ѕвездите за кои некогаш се веруваше дека мирно стојат на Небото, итаат како галаксиски топчиња со најголема брзина низ Космосот. Значи: цврсто стои дека ништо не стои цврсто – исто таква е и состојбата на човештвото кога ќе стапиме во новиот милениум. До тука, пологично здравје. [more...]

Манипулиран? Управуван? Исклучен?
Земи го својот живот во свои раце

бр.1

Домати, соја и секакви други плодови добиени со генетски инжинеринг кои ги запоседнуваат супермаркетите – на овие мисли ние полека се навикнавме. Секој домат исто толку беспрекорен колку и другите, па тоа воопшто не е лошо, а тие дури и не гнијат – што да се сака повеќе? Но сега, кога овие домати играчки треба да се применат на човекот, нам ни станува некако непријатно. Еден научник од Америка објави дека сака да клонира луѓе. Да се клонира едно живо суштество значи да се произведе еден потполно идентичен двојник. Еден брачен пар без деца во иднина ќе може своето потомство да го продуцира на овој начин. Тогаш резултатот ќе биде ”цел како таткото” или пак ”цела како мајката” – веќе по нарачка. Една хорор–верзија од куќата на Франкенштајн? Во никој случај! Четири брачни парови се веќе на листата за чекање. Но, што има заедничко тоа со нас? [more...]

 

[Home] [Архива] [Стрипови и шеги]
[
Бесплатни информации] [Термини]

©1997-2000  Духовниот Револуционер Христос
URL: http://www.revo.org
eMail: info@revo.org
Error 500 - Internal server error

Error 500 - Internal server error

Ein interner Fehler ist aufgetreten!
Bitte versuchen Sie es zu einem späteren Zeitpunkt.